October 10, 2024 | | Свет
Легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин го изрази своето разочарување и фрустрација поради моменталната форма на „црвените ѓаволи“ под водство на Ерик тен Хаг. Лошиот почеток на сезоната на „црвените ѓаволи“ го натера Кин често да ја критикува состојбата во клубот. Поранешниот капитен заедно со Вејн Руни, Гери Невил, Јан Рајт и Џил Скот во последната епизода од „Stick to Football“ ги откри последиците од ремито на Јунајтед со Твенте. „Кога фудбалерите излегоа со изјави по мечот со Твенте дека противниците веројатно повеќе ја посакувале победата, тогаш веќе се откажав од некакви очекувања. Ако тоа е вревата што излегува од соблекувалната, тогаш не е ни чудо што менаџерот е во неволја. Не е ни чудо што тие нема да ги победуваат натпреварите. Ќе победат на некој дуел, но ќе загубат на уште повеќе. Премногу се отворени, нема атлетицизам, сигурен сум дека не постои тим. Не ја препознавам екипата и не го препознавам клубот“, рече Кин.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |