Вардар се надева на подобри денови: Новиот сопственик го честиташе празникот

October 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Вардар се надева на подобри денови: Новиот сопственик го честиташе празникот

Вардар и официјално денеска потврди дека новиот сопственик на 85% од акциите на клубот е Атила Бижен Жалили. Информацијата е потврдена на денот на народното востание на македонскиот народ, 11-ти октомври. „Задоволство ми е да ја информирам македонската публика дека од договорот од 07.10.2024 година, преземени се 85% од акциите од страна на менаџментот на мојата компанија. Имаме многу исуство со менаџирање на фудбалски клубови и имаме соработка со многу познати фудбалски клубови во Европа, а секако ветуваме и брза финансиска, организација и резултатска консолидација на еден од најголемите спортски брендови во Македонија. Во последните неколку години, со оглед на бизнисите кои ги поседуваме, нашата цел беше да земеме клуб од Централна Европа или од Балканот. Имавме неколку опции, но благодарение на аргументите презентирани од г-нот Миленко Неделковски, се одлучивме да инвестираме во најголемиот спортски бренд во Македонија. Ајде да го направиме Вардар повторно успешен“, стои во официјалниот документ потпишан од Атила Бижен Жалили. Тој е бизнисмен со повеќе компании во Унгарија, а поседувањето на најголем дел од акциите ќе му даде за право да го менаџира клубот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.