October 11, 2024 | | Свет
Златан Ибрахимовиќ реши да го открие неговиот однос со семејството каде призна дека е поблизок со мајка му отколку со татко му. „Со татко ми е исто како и секогаш, не сум близок со него колку што сум со мајка ми затоа што и двајцата сме големи егоисти. Јас сум ист како него и кога се кара со мене не сфаќа дека се кара со себе затоа што сме идентични во однесувањето. Тој ме направи тоа што сум денес. Мајка ми беше строга, повеќе ме тепаше од татко ми. Тој никогаш не го направи тоа. Со него беше доволно само да ти каже и да те погледне за да разбереш се“, рече Ибрахимовиќ. Швеѓанецот од секогаш беше познат како карактер кој тешко прима критики и кој секогаш мисли дека е во право.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |