October 12, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед засега има ужасна сезона, како во Премиер лигата, така и во Лигата на Европа. Натпреварот против Астон Вила на „Вила Парк“ за среќа на Тен Хаг заврши без пораз на неговиот тим. Сега пак, се појавија информации за наводна „шпиунажа“ на тој натпревар. Имено, соблекувалната на Манчестер Јунајтед на овој натпревар била озвучена два дена пред натпреварот, пренесува „The Sun“. Целта на навивачот била да го слушне говорот на Ерик Тен Хаг. „Ова е шокантно кршење на правилата за безбедност и навистина е сериозно лошо што вакво нешто се случи. За среќа во инцидентот немаше некоја посебна намера. Во прашање е навивач на Манчестер Јунајтед кој сакал само да слушне што се зборува во соблекувалната. Но, тоа не е причина да нема грижи бидејќи останува прашањето како тој успеал да направи такво нешто“, изјави изворот за „The Sun“. Извештаите покажале дека микрофонот бил паметно активиран преку повик од друг уред, откако бил скришум снимен на скриена локација во просторот за пресоблекување на тимот. Ден по натпреварот, навивачот си го земал микрофонот од соблекувалната.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |