Работниците на „Камп Ноу“ се степале на градилиштето! (ВИДЕО)

October 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Работниците на „Камп Ноу“ се степале на градилиштето! (ВИДЕО)

Според информациите на „Marca“, настанала тепачка на околу 20 работници на стадионот со шипки во петокот околу 14:30 часот. Во моментов околу 1750 работници се грижат стадионот да добие модерен и поубав изглед. Откако ќе биде завршен, стадионот ќе прими 105.000 гледачи. Ова е особено важно за клубот бидејќи со оваа инвестиција се надеваат дека повторно ќе се слеваат огромни пари во клупската каса. Шестмина работници од нив се полесно повредени, а тепачката била помеѓу Албанци и Романци.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.