October 12, 2024 | | Свет
Килијан Мбапе повторно го привлече вниманието откако селекторот Дешамп не го повика за да игра за Франција мислејќи дека е повреден, а тој во исто време играше за Реал Мадрид. Франција убедливо славеше против Израел, а она за што сите во Франција зборуваат е Мбапе. Французинот беше забележан пред ноќен клуб во Шведска во ноќта меѓу четврток и петок, а ова доаѓа во периодот кога сите сомневаат дека лажираше повреда на бутниот мускул за да не настапи за селекцијата. Како што пренесе новинарот на „Le Parisen“ Александре Афало, токму селекцијата било единственото место каде Мбапе можел да очекува поддршка, но сега таквата поддршка ја изгубил. „L'Equipe“ пак исто така упати критика до капитенот за неговото излегување на денот на натпреварот. Ваквиот потег тие го нарекоа „симболична секвенца“ која укажува на лоша комуникација.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |