Меси не игра за Барселона, но клубот сè уште го плаќа!

October 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси не игра за Барселона, но клубот сè уште го плаќа!

Меси ја напушти Барселона во 2021 година откако Ла Лига не го одобри неговиот нов договор поради ужасната финансиска состојба која каталонскиот клуб тогаш ја имаше. Сега се опоравуваат, но за стабилно да застанат на нозе, ќе бидат потребни уште две-три сезони. Сепак, иако Аргентинецот веќе не е дел од клубот, Барселона се уште го плаќа. Тој беше еден од фудбалерите кои прифатија одложување на дел од платата поради пандемијата со коронавирусот, па така преостанатиот дел од тогаш го добива сега. Барселона ќе го плаќа Меси до крајот на оваа сезона, а во исти кош се и Серхио Бускетс и Жорди Алба кои исто така прифатија платите да им бидат исплатени подоцна.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.