June 10, 2024 | | Македонија
Чешка успеа да ја победи нашата репрезентација во пријателскиот натпревар кој заврши со 2-1 каде им беа досудени два пенали. После натпреварот, селекторот беше видно нервозен, но реши да не ги коментира одлуките на судијата. „Честитки за моите момци, посебно за одиграното второ полувреме. Имавме некои корекции кои ги направивме на полувремето во кое не функциониравме како што треба. Жалам што не почнавме да играме малку порано на таков начин, ни фали самодовербата со топката во нога уште“, вели тој. Тој и посака успех на Чешка на Европското првенство. „Кажав и пред натпреварот дека не очекува многу различен ривал од нашиот претходен. Играта на Чешка се базира на трка и на сила, на тоа требаше да одговориме. Во поголемиот дел од мечот сум задоволен како одговоривме на тоа, но кога имавме посед, требаше да бидеме малку похрабри. Немам коментар тука, тоа е работа на ВАР и судиите. Не би сакал да ги коментирам пеналите“. рече Милевски. Ова беше последниот контролен натпревар пред почетокот на Лигата на нации и дуелите против Фарски острови и Ерменија на почетокот од септември.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |