Едерсон ги налути фановите на Сити поради неговиот став за освојувачот на „Златната топка“

October 13, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Едерсон ги налути фановите на Сити поради неговиот став за освојувачот на „Златната топка“

Едерсон беше запрашан од медиумите во Бразил за тоа кој треба да ја освои „Златната топка“. Пред неколку недели беше објавена информацијата дека Винисиус Жуниор ќе ја освои оваа престижна награда, а изгледа дека и сонародникот на играчот на Реал Едерсон се согласува со ова. „Јас ги поддржувам Родри и Винисиус и кој и да биде победник, ќе биде заслужено. Се надевам дека Вини ќе стигне до „Златната топка“, ја заслужи со се што направи минатата сезона. Од друга страна, ако му припадне на Родри, исто така ќе бидам среќен за него“, рече Едерсон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.