Хендикеп за Холандија: Френки Де Јонг го пропушта ЕП

June 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Хендикеп за Холандија: Френки Де Јонг го пропушта ЕП

Холандија останува без Де Јонг на оваа Европско првенство откако официјално се потврди дека тој нема да биде во можност да игра поради повредата на скочниот зглоб. Тој се повреди на Ел Класико во април во дуел со Федерило Валверде кој прилично остро влезе во тој дуел. Други играчи од средината кои се повикани за Холандија се: Гравенберх, Копмајнерс, Реиндерс, Шоутен и Вајналдум. Тие се во група со Франција, Австрија и Полска.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.