Реал Мадрид ја следи ѕвездата на Леверкузен која има клаузула од 40 милиони евра

October 14, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал Мадрид ја следи ѕвездата на Леверкузен која има клаузула од 40 милиони евра

Според информациите на новинарот Флоријан Плетенберг, Реал Мадрид ја следи ситуацијата на Жереми Фримпонг како опција за десната бековска позиција наредното лето. Иако неговата правилна позиција е крило-бек, сепак тој може да одговори и како десен бек со тоа што офанзивата е неговата појака страна. Можен е летен трансфер на Фримпонг бидејќи тој сè уште има откупна клаузула од околу 40 милиони евра во неговиот договор, кој трае до 2028 година. Сепак, тој не планира да го напушти Леверкузен, барем не во јануари.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.