October 15, 2024 | | Македонија
Македонските надежи до 21 година неуспешно ги завршија квалификациите за Европското првенство каде со 2-1 загубија на гостувањето кај Грузија. Домаќините доминираа на овој натпревар каде нашите надежи во првото полувреме не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол. Сепак, Македонија преку Фисник Исаки дојде до предност од 1-0. После само десет минути домаќините израмнија, а во 71. минута Ломинадзе погоди за 2-1. Квалификациите ги завршуваме како четврто пласирани со 12 бодови и зад нас се само Молдавија и Грузија, а пред нас се Шведска, Грузија и Холандија.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |