Меси со хет-трик и две асистенции ја растури Боливија, Бразил конечно покажа нешто! (ВИДЕО)

October 16, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Меси со хет-трик и две асистенции ја растури Боливија, Бразил конечно покажа нешто! (ВИДЕО)

Аргентина ја прегази Боливија со 6-0, а шоу имаше Лионел Меси. Тој даде три гола и намести за уште два. Во првото полувреме Меси стрелаше, а им намести и на Лаутаро Мартинез и на Хулиан Алварез. Во вториот дел, во 68. минута погоди Алмада на асистенција на Молина, а во 84. и 86. минута Меси постигна уште два гола и така го комплетираше својот хет-трик. Бразил конечно почна да се буди и со 4-0 го совладаа Перу. Два гола беа дело на Рафиња, по еднаш погодија Переира и Луис Енрике. За нив ова беше втора победа по ред.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.