October 16, 2024 | | Свет
Манчестер Јунајтед реши да ја прекине соработката со легендарниот Сер Алекс Фергусон кој беше глобален лупски амбасадор и директор на клубот каде имаше и плата од околу два милиони фунти. Освен тоа, раководството му забранило и да ја посетува соблекувалната на тимот. Ваквата одлука нема никаква поврзаност со самиот Фергусон, туку е правило кое важи за сите членови на одборот на директори. Според информациите на „Daily Mail“, клубот веќе има отпуштено околу 250 вработени, а според информациите, токму намалувањето на трошоците е причината за прекин на соработката со Фергусон. Фергусон ќе продолжи да биде неизвршен директор на клубот и ќе го задржи своето место во ложата на Театарот на соништата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |