October 16, 2024 | | Свет
Меси имаше само пофални зборови за Нико Паз, аргентинскиот талент кој летото го напушти Реал Мадрид за шест милиони евра и премина во Комо. Реал има опција повторно да го откупи и да го врати ако процени дека неговиот напредок е во нагорна линија во иднина. Паз е уште еден од школата на Реал Мадрид кој го напуштил клубот и кој добро настапува за друг клуб. Дури и Лео Меси по вчерашниот натпревар зборуваше за неговиоте квалитети. „Знам дека не бил роден кога јас дебитирав во Примера. Но морам да признам дека Нико има голем квалитет, се надем дека ќе продолжи да бележи прогрес. Паз перфектно ја чита играта, се надевам дека ќе продолжи во исто темпо. Со Сеск Фабрегас како тренер, ќе напредне уште повеќе“, рече Меси.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |