October 17, 2024 | | Свет
Килијан Мбапе последните денови се наоѓа во центарот на вниманието. Во хотелот во кој престојувал во Стокхолм заедно со пријателите се случило наводно насилување. Воедно, набрзо се појавија информации дека силуваната жена го навела Мбапе како виновник за инцидентот. Како што пренесува „Le Parisien“, Мбапе пристигнал во Стокхолм на иницијатива на дефанзивецот на Баер Леверкузен, Норди Мукиеле, поранешен соиграч на Килијан во ПСЖ. Мбапе таму се сретнал со извесен Марко, организатор на настанот. На забавата тој запознал млада девојка со која наводно имал односи. Засега нема информации дали девојката која имала односи со Французинот е истата личност која пријавила наводно силување. Поради повреда, Мбапе не беше повикан на натпреварите од Лигата на нации и имаше неколку слободни денови.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |