October 17, 2024 | | Свет
Периодов актуелна е темата за големиот број на натпревари кои фудбалерите го имаат каде одредени играчи зборуваа дека би можеле да стапат во штрајк ако продолжи ова. Свој коментар за целата ситуација даде и Жерард Пике кој воедно даде и свој предлог за тоа што треба да се направи во овој случај. „И јас го делам мислењето дека треба да се намали бројот на натпревари, ова навистина стана лудо. Се игра фудбал секои три дена и според мене има едно логично решение. Националните лиги треба да се соберат и да решат дека ќе имаа првенства со 16, наместо со 20 екипи. На овој начин домашните првенства ќе бидат порастеретени со помал број на екипи и ќе гледаме помал број на играчи кои се жалат поради повреди. Наметнатото темпо не е прифатливо и нешто мора да се промени во фудбалот“, рече Пике.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |