Како за чудо: ВАР направил само две грешки во ПЛ сезонава!

October 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Како за чудо: ВАР направил само две грешки во ПЛ сезонава!

Поранешниот судија и сегашен шеф на фудбалските судии кои ја делат правдата во англиската Премиер лига, Хауард Веб вели дека оваа сезона грешките со ВАР системот се намалени за 80 проценти. „Имаме независна комисија од поранешни играчи и тие ја проценуваат секоја одлука секоја недела. Според комисијата, која е независна од нас, имало само две грешки на ВАР оваа сезона во споредба со 10 во исто време минатата година“, рече Хауард Веб. За да бидат појасни одлуките за публиката, Премиер лигата воедно лансираше наменски канал на социјалните мрежи каде секоја поеднична одлука на ВАР се објаснува. Во првите месеци од новата сезона требаше да се воведе и полуавтоматски систем за офсајд, но имплементацијата на овој систем е одложена за 2025 година.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.