Еванс: Тен Хаг е многу силен човек и му се восхитувам

October 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Еванс: Тен Хаг е многу силен човек и му се восхитувам

Џони Еванс беше запрашан за тренерот на Манчестер Јунајтед Ерик Тен Хаг чие столче периодов не е сигурно. Ветеранот отворено призна дека му се восхитува и рече дека Тен Хаг е многу силен човек. „Тен Хаг е многу силен човек и му се восхитувам поради тоа. Можете да видите дека тој е многу принципиелен во начинот на кој сака да работи и исто така во начинот на кој сака да се однесува како личност. Многу ретко се менува. Покажува вистинска сила во тоа кој верува дека е и кој сака да биде. Секогаш е многу позитивен и неговата порака е секогаш иста. Стручниот штаб секогаш гледа на позитивната страна и барат начин како можеме да се подобриме без да дозволиме надворешната врева да влијае на нас“, рече Еванс во интервју за „Sky Sports“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.