Тен Хаг удри по новинарите: Пишувате лаги за мене

October 18, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тен Хаг удри по новинарите: Пишувате лаги за мене

На денешната прес-конференција на Тен Хаг пред натпреварот на Јунајтед против Брентфорд, тој повторно беше прашан за тоа дали ќе добие отказ. Јунајтед моментално се наоѓа на 14. место и тој вели дека тоа не е добро и дека мораат да се подобрат. „Целата оваа врева доаѓа само и исклучиво од медиумите, но само од некои. Не од сите вас, не сакам сите да ги ставам во ист кош. Некои приказни, бајки и лаги се измислени овде бидејќи знам дека сите сме на иста страна. Ова го кажав и пред паузата, но неколку новинари не ми веруваа, пишуваа лаги. Во клубот е прилично тивко. „Пред нас е планина за искачување, но играме фудбал на највисоко ниво. Некогаш мора да се соочите со предивизици, но сигурен сум дека ќе имаме успех како што имавме во последните две сезони. Гледам работи кои одат во добра насока. Сепак, позицијата на табелата во овој момент не е добра“, додаде Тен Хаг.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.