Исто како Ибрахимовиќ: Страшен гол со ножички на Осимен! (ВИДЕО)

October 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Исто како Ибрахимовиќ: Страшен гол со ножички на Осимен! (ВИДЕО)

Галатасарај вчера убедливо ја совлада Анталијаспор со резултат од 3:0. Третиот гол беше дело на Виктор Осимен кој направи изненадувачки трансфер во Турција откако му пропадна трансферот во Челси, а одби да премине во Саудиска Арабија. Тој постигна прекрасен гол со ножички, во стилот на Ибрахимовиќ во најдобрите денови. Осимен влезе во игра во 78. минута и за помалку од 15 минути успеа да го постигне голот на викендов. Во моментов, Галатасарај е прв на табелата со 25 бода.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.