October 20, 2024 | | Свет
Ливерпул го совлада Челси на „Енфилд“ со резултат од 2-1 во еден тврд и тактички одличен натпревар. Првите 20тина минути Челси подобро изгледаше на теренот, но потоа од никаде дојде пеналот за Ливерпул во 29. минута каде стрелец беше Мохамед Салах. На самиот почеток на вториот дел Николас Џексон ги шокираше домаќините со голот во 48. минута каде прекрасна топка во простор му даде Моисес Каиседо. По дополнителната проверка на ВАР, се виде дека Џексон не е во офајсд и дека голот беше регуларен. Но, после само три минути Куртис Џонес го возврати водството на Ливерпул каде од втор план влезе во шеснаесетникот на Челси откако беше спремен да добие топка од Мохамед Салах кој прекрасно му намести. Откако Ливерпул го постигна вториот гол, се посвети да го одбрани резултатот, а не фалеше многу за Челси да дојде барем до еден бод. Според прикажното на двата тима, слободно може да се каже дека Челси не заслужи да замине без ниту еден каде фудбалерите на Мареска покажаа цврста игра. Ливерпул со 21 бод е лидер на табелата, а Челси има 14 и се наоѓа на шестата позиција.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |