Нова петарда на Барселона, страдаше Севиља! (ВИДЕО)

October 20, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Нова петарда на Барселона, страдаше Севиља! (ВИДЕО)

Барселона повторно си поигруваше со противникот каде овој пат настрада Севиља со 5-1. Барселона ја задржува предноста од три бода пред Реал Мадрид, а наредното коло не очекува спектакл бидејќи ќе биде одиграно првото лигашко Ел Класико и тоа на „Сантијаго Бернабеу“. Левандовски го отвори резултатот со погодок од пенал во 24. минута, а неколку минути подоцна, Педри зголеми на 2-0. Левандовски го постигна и третиот гол во 39. минута. Во вториот дел, Пабло Торе постигна два гола, а единствениот гол на гостите го постигна Станис Идумбо во 87. минута. Позитивна вест за Барселона е враќањето на Гави од тешката повреда на коленото после 349 дена.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.