October 21, 2024 | | Македонија
ФК Вардар реагираше по поразот од Беса со 2-1 и од клубот реагираа дека се оштетени за пенал. Скопскиот тим објави видео од прекршок во шестнаесетникот над Џибрил Дианеси. Тие се пожалија и дека помошниот судија Мартин Петковски по втор пат ги оштетил. „На вчерашниот натпревар против екипата на Беса Добри Дол, ФК Вардар беше сериозно оштетен од страна на помошниците на главниот судија Јован Качевски. Имено, во второто полувреме од натпреварот, во шеснаесетникот на противничката екипа, врз фудбалерот на Вардар Џибрил Дианеси беше направен очигледен, свесен прекршок, кој директно влијаеше врз играта, шансата за погодок, а секако и врз конечниот резултат. За жал, оваа и повеќе од очигледна ситуација не беше доволна причина за помошниците на Јован Качевски, кои од неразбирливи причини останаа неми и не му сигнализираа на главниот судија дека има очигледен прекршок, по кој требаше да биде досуден пенал во корист на ФК Вардар. Ваквите пропусти се недозволиви, особено кога се повторуваат во континуитет, бидејќи истиот помошник судија Мартин Петковски, во два наврати оваа полусезона, како на натпреварот против екипата на Силекс, така и сега против екипата на Беса Добри Дол, во идентична ситуација, не сигнализираше прекршок за пенал во корист на ФК Вардар. Затоа бараме ФФМ најостро да реагира и да ги спречи ваквите пропусти, со кои директно се нанесува штета на клубовите, на самата лига, а секако и на мак фудбалот во целост“, се вели во соопштението на ФК Вардар.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |