October 21, 2024 | | Свет
Џуд Белингем засега има тивка сезона каде за разлика од лани, сезонава ретко кога е вклучен во головите на тимот. Причината за тоа е што сезонава Реал игра со тројца напаѓачи, Винисиус, Мбапе и Родриго па поради тоа Англичанецот игра нешто поназад сезонава. Сега „Marca“ пренесува дека таквиот експеримент е завршен и дека Белингем ќе се врати на старата позиција, односно повеќе офанзивно и ќе делува како играч кој при нападите влегува од втор план, нешто што минатата сезона го правеше доста успешно. Медиумите во Шпанија тврдат дека причина за лошата форма на Белингем е доаѓањето на Мбапе кое негативно се одразило на перформансите на Англичанецот. На последниот натпревар на Реал Мадрид, камерите успеаа да го фатат Белингем лут бидејќи Винисиус не му додал.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |