Карагер објасни зошто Салах ќе остане во Ливерпул!

October 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Карагер објасни зошто Салах ќе остане во Ливерпул!

Договорот на Мохамед Салах истекува во јуни 2025 година и во моментов се одвиваат преговори за нов договор. Освен договорот на Салах, приоритет за Ливерпул се и нови договори за Ван Дајк и Трент Александер-Арнолд. Ван Дајк потврди дека преговорите се во тек, а што се однесува до Трент, засега нема никакви информации. Според легендата на Ливерпул Џејми Карагер, Мохамед Салах ќе потпише нов договор со клубот. Вчера против Челси Салах го постигна својот 162. гол во Премиер лигата. Карагер тврди дека тој ќе остане поради шансата да се срушат повеќе рекорди играјќи во Ливерпул, но и во Премиер лигата. „Салах ќе внимава на Анри и Лампард (во листата на Топ 10 стрелци на сите времиња во Премиер лигата). Ваквата статистика е една од причините поради кои мислам дека Салах ќе потпише нов договор со Ливерпул. Не велам дека е себичен. Тој сака сигурно да биде во топ тројцата во историјата на Ливерпул. Мислам дека сака биде во тој кош. Кога го запознав во Ливерпул, не мислев дека ќе биде таму каде што е денес. На начинот на кој настапува, како да е недопирлив“, изјави Карагер. Во моментов тој има 162 гола во Премиер лигата и се наоѓа на 10. место на листата на најдобри стрелци во историјата во најдобрата лига во светот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.