МНР му го одзеде дипломатскиот пасош на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

October 21, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

МНР му го одзеде дипломатскиот пасош на претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини

Министерството за надворешни работи реши да му го одзеде дипломатскиот пасош на првиот човек на ФФМ, Муамед Сејдини. МНР реши да ја повлече одлуката на Бујар Османи кој во минатото од непознати причини му додели на Сејдини специјален третман и пасош кој се добива по заслуга. Во последните години, во ФФМ има различни скандали, а откажани беа и спонзорства на сериозни партнери кои со години беа спонзори во ФФМ. МНР сепак и понатаму на сила ја остави одлуката дипломатски почести да имаат оние фудбалери кои ги имаат ваквите патни исправи, а кои ги добија по победата над Италија во баражот за СП.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.