October 22, 2024 | | Анализи
Денеска започнува третото коло од Лигата на шампионите и на програмата ќе бидат прикажани девет натпревари. Дефинитивно дербито на денот ќе биде одиграно во Мадрид каде Реал ќе го дочека Дортмунд при што ќе се одигра реприза на ланското финале. Реал Мадрид е под притисок да оствари триумф бидејќи минатото коло претрпе пораз во Франција кај Лил со 1-0. Дортмунд од друга страна има два од два каде во првото коло го прегазија Селтик со 7-1, а во второто коло славеа против Клуб Бриж со 0-3. Денеска би можел да настапи и Бојан Миовски. Неговата Жирона ќе биде домаќин на екипата на Слован Братислава. Миовски минатото коло беше во првиот состав и не успеа да го реализира пенал кој самиот го изнуди. Денешните дуели: Милан – Клуб Бриж - 18:45 Монако – Црвена Звезда - 18:45 Арсенал – Шахтјор - 21:00 Астон Вила – Болоња - 21:00 Жирона – Слован Братислава - 21:00 Јувентус – Штутгарт - 21:00 ПСЖ – ПСВ - 21:00 Реал Мадрид – Борусија Дортмунд - 21:00 Штурм Грац – Спортинг - 21:00
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 16, 2024 |