Саутгејт: Си одам ако не освоиме ЕП

June 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Саутгејт: Си одам ако не освоиме ЕП

Пред самиот почеток на Европското првенство, Англија е под голем притисок за да го освои турнирот, а во натпреварот против Исланд каде изгубија со 0-1 излегоа на виделина проблемите во играта кои Англија ги има. Притисокот е најголем врз селекторот Саутгејт кој ја коментираше својата иднина во оваа селекција. „Ако не победиме, веројатно ќе си заминам. Ова може да биде мојата последна шанса да го освојам Европското првенство. Мислам дека околу половина од тренерите ќе ги напуштат своите позиции по овој настан, кој е дел од природата на меѓународниот фудбал, рече тој. Саутгејт додаде дека веќе биле блиску до освојување на Европското. „Во 2021 година почувствував одговорност кон цела земја. Знам дека во одреден момент луѓето ќе ја изгубат вербата“, објаснува Саутгејт. Англија на ова ЕП е во групата Ц со Србија, Данска и Словенија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.