Евра: Фергусон е еден од виновниците за неуспехот на Јунајтед

October 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Евра: Фергусон е еден од виновниците за неуспехот на Јунајтед

Легендата на Манчестер Јунајтед Патрис Евра изјави дека Сер Алекс Фергусон е еден од виновниците за хаосот кој владее во клубот. Токму Фергусон беше последниот менаџер кој ја донесе Премиер лигата за Јунајтед, а Патрис Евра си замина една година подоцна. „Секогаш ми е тешко да зборувам за Јунајтед бидејќи игравме за навивачите, грбот, дресот. Со текот на времето, овие вредности беа изгубени. Се обвинувам себеси, но и Сер Алекс Фергусон. Затоа што заминавме прерано и им беше тешко на играчите бидејќи немаа соодветен пример за следење. Не сум таму, не знам што е проблемот. Тен Хаг дава се од себе, но тоа не е доволно“, изјави Евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.