Одбраната на Баерн спие: Барса има два гола предност на полувреме! (ВИДЕО)

October 23, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Одбраната на Баерн спие: Барса има два гола предност на полувреме! (ВИДЕО)

Барселона води со 3-1 на полувреме против Баерн Минхен во третото коло од Лигата на шампионите. Резултатот го отвори Рафиња во првата минута на асистенција на Фермин Лопез. Кејн постигна гол во 10. минутата, но беше досуден офсајд. Но, само осум минути подоцна Кејн успеа да израмни на асистенција на Гнабри. Цело полувреме Баерн играше офанзивно и агресивно, а Барселона ја чекаше својата шанса која дојде најпрво во 36. минута преку Левандовски, а потоа преку Рафиња кој прекрасно погоди со десна нога во 45. минута.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.