Никој не знае зошто вчера беше досуден пенал за Лил! (ВИДЕО)

October 24, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Никој не знае зошто вчера беше досуден пенал за Лил! (ВИДЕО)

Лил засега игра одлично во Лигата на шампионите каде после Реал Мадрид, го совладаа и Атлетико Мадрид и тоа на „Ванда Метрополитано“. Тие славеа со 3-1, а моментот кој привлече внимание се случи во 75. минута кога за Лил беше досуден еден чуден пенал. Судијата досуди пенал за Лил за наводно играње со рака на еден играч на Атлетико, но од забавената снимка всушност може да се види дека со рака игра фудбалер на Лил. „Не знам што видел судијата и поради што свирна пенал. Никому не му е јасно, но она не е пенал. За жал, ние моравме порано да го решиме победникот“, рече капитенот Јан Облак.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.