Агуеро: Јамал е поталентиран од Винисиус

October 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Агуеро: Јамал е поталентиран од Винисиус

Поранешниот играч на Барселона Серхио Агуеро беше запрашан за квалитетите на Винисиус Жуниор и Ламин Јамал. „Во однос на стилот на игра и на талентот, Ламин го надминува Винисиус. Бразилецот, сепак, е многу подокажан и освоил повеќе трофеи со Реал Мадрид. Вини е во топ 3 на светот, но поради неговата возраст и талент, јас би го претпочитал Јамал. Но, ако зависи од мене, ќе изберам да бидам централен напаѓач во една екипа, а со нив двајца по крилните позиции. Тогаш противникот ќе мора да се моли. Тоа е истото кога Меси и Нејмар беа заедно. Во Реал, Винисиус го има Мбапе покрај себе, кој, сепак, е повеќе „деветка“ и нема ист талент како Жуниор“, рече Агуеро. Агуеро даде и своја прогноза за спектаклот во сабота. „Ќе биде убав натпревар. Не сакам да давам точна прогноза, но Барса е многу силна. Домашниот терен секогаш влијае на играта и ќе биде тешко, но фудбалерите на Барселона имаат повеќе шанси за победа. Во исто време, Реал не треба да поседува топка дури ни 20% од времето за да постигне гол. Но, зошто е така? Не знаеме, но историски, во последните десет минути, Реал Мадрид прави работи кои другите не можат да ги направат. Некои велат дека тоа е среќа, но не е така. Кога толку пати победуваш со погодоци на крајот, тоа не е случајност, туку е нешто што другите не го имаат“, кажа Аргентинецот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.