С. Арабија го отпушти Манчини и треба да му исплати неверојатна сума

October 25, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

С. Арабија го отпушти Манчини и треба да му исплати неверојатна сума

Роберто Манчини беше отпуштен од Саудиска Арабија. Италијанецот беше убедливо најплатен тренер во светот. Неговиот договор со Саудиска Арабија вредеше неверојатни 92 милиони евра, а бидејќи беше отпуштен пред да заврши договорот, сега ќе треба да му бидат исплатени уште 72 милиони евра во наредните три години до истекот на договорот. Ова значи дека Манчини ќе добива два милиони евра месечно или 500.000 евра неделно во наредните три години. Манчини беше само 18 натпревари на клупата на оваа селекција каде оствари само седум победи и ги остави на третото место во квалификациската група за Светското првенство. Тој наводно имал и расправија со одредени фудбалери. Како потенцијална замена на Манчини се споменуваше Зидан, но засега нема повеќе информации.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.