Барса му одржа ЛЕКЦИЈА по фудбал на Реал Мадрид со четири гола на „Бернабеу“! (ВИДЕО)

October 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Барса му одржа ЛЕКЦИЈА по фудбал на Реал Мадрид со четири гола на „Бернабеу“! (ВИДЕО)

Барселона одигра страшно второ полувреме каде Каталонците постигнаа дури четири гола. Реал Мадрид во второто полувреме едноставно немаше решение за тоа како да ја пробие одбраната на Каталонците кои започнаа фуриозно во вториот дел, за разлика од првиот дел кога не покажаа многу. Најпрво Левандовски стрелаше во 54. минута, а потоа и во 56. минута кога прекрасно погоди со глава. Потоа Реал Мадрид се обидуваше резултатски да се врати во игра, а Левандовски можеше да постигне уште два гола каде еднаш погоди статива, а потоа биеше над пречката. Сепак, потврда на победата дојде во 77. минута кога Јамал прекрасно стрелаше со десна нога од скоро невозможен агол. Рафиња го докрајчи Реал Мадрид во 84. минута кога со десна нога прекрасно го лобуваше Лунин. Барселона сега се оддели на плус шест пред „кралевите“.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.