Пења објасни како Флик го надмудри Анчелоти

October 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Пења објасни како Флик го надмудри Анчелоти

Иако можеби многумина сметаа дека Ињаки Пења нема да може да одговори на задачите особено за дуелите против Баерн Минхен и Реал Мадрид, сепак тој се покажа одлично и во второто полувреме два пати излезе како победник во ситуациите „еден на еден“ со Мбапе. Сега тој откри што барал од нив Ханси Флик за овој натпревар. „Дојдовме овде по натпреварот со Баерн, знаевме дека оваа недела ќе биде клучна за тоа што не очекува во остатокот од сезоната и постигнавме два брутални резултати, но остануваат уште многу натпревари до крајот на сезоната. Најважно е што покажавме дека ментално не сме исти и дека можеме да го победиме секој противник. Тренерот бараше да играме многу високо. Тој бара никогаш последната линија да не ја спуштаме ниско, особено против тимови кои имаат моќни и брзи играчи во нападот. Опасно е да се игра вака, но тимската работа најдобро се виде преку бројот на офсајди во кој фативме играчи на Реал“, изјави Пења.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.