Премиер лигата објасни зошто имало пенал за Вест Хем! (ВИДЕО)

October 27, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Премиер лигата објасни зошто имало пенал за Вест Хем! (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед претрпе нов пораз во Премиер лигата, овој пат против Вест Хем со 2-1 каде во 92. минута беше досуден и сомнителен пенал за домаќините. И додека многумина дискутираат за тоа дали требало да биде пенал или не, од Премиер лигата дадоа објаснување: „Судијата не досуди пенал за Вест Хем за стартот на Де Лигт врз Ингс. ВАР оцени дека има доволен контакт на потколеницата на Ингс и препорача преглед на теренот. Судијата ја поништи првобитната одлука и досуди пенал“, стои во објаснувањето на ВАР собата.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.