October 28, 2024 | | Свет
Вечерва во Париз во организација на „Франс Фудбал“ ќе биде доделена „Златната топка“. Исто така, ќе биде доделен и Трофеј Копа за најдобар млад фудбалер до 21 година, како и Јашин Трофеј за најдобар голман. Интересно е што за прв пат по 2003 година, ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо не беа меѓу номинираните финалисти во изборот за најпрестижната индивидуална награда. Според обложувалниците, но и многу медиуми, Винисиус е јасен фаворит кој воедно неформално беше прогласен и за победник. Минатата сезона Винисиус постигна 24 гола со 11 асистенции, ја освои Лигата на шампиони, а беше првак и во Ла Лига со Реал Мадрид. Единствен негов ривал е Родри кој ја освои Премиер лигата со Манчестер Сити, како и Европското првенство Шпанија каде беше избран за најдобар играч на турнирот. Несомнено е дека неговото влијание во игрите на Сити беше поголемо и повеќе се чувствуваше во споредба со влијанието на Винисиус во Реал, но извесно е дека Бразилецот ќе ја освои оваа престижна награда.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |