Тренерот на Рома на полувреме се степал со Манчини

October 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Тренерот на Рома на полувреме се степал со Манчини

Рома има ужасна сезона во италијанската Серија А, а најнов дебакл е оној кој играчите го доживеаа од Фиорентина каде тимот на Јуриќ претрпе пораз од 5-1. На паузата меѓу двете полувремиња се случил еден скандал кој дополнително ја нарушил хармонијата во клубот. Според информациите на „Corriere dello Sport“ тренерот Иван Јуриќ, на полувремето од мечот имал физичка пресметка со стоперот Џанлука Манчини во соблекувалната. Јуриќ бил нервозен бидејќи неговиот тим прими три гола во првите 45 минути, ситуацијата ескалирала и дошло до тепачка. Иако Јуриќ ја загубил контроплата врз соблекувалната, сепак нема да добие отказ. Манчини, заедно со Пауло Дибала, Леандро Паредес и Лука Пелегрини, по натпреварот отишле кај навивачите за да се правдаат за лошите резултати, но тие не сакале да слушнат никакви изговори.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.