Баерн го продава фудбалерот кој го купи 67 милиони евра

June 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Баерн го продава фудбалерот кој го купи 67 милиони евра

Со доаѓањето на Компани на клупата на Баерн Минхен, започнуваат и промените. Баерн е во преговори за ангажирање на стоперот и капитен на Леверкузен Тах, а клубот од Минхен ќе мора и да продава во одбраната. Според информациите на новинарот Флоријан Плетенберг, Баерн Минхен е спремен да го продаде дефанзивецот Матијас Де Лихт. Баерн го купи Де Лихт од Јувентус за 67 милиони евра пред две години, а наводно и самиот Де Лихт е отворен за промена на клубот. Неговиот договор со Баерн трае до 2027 година, а според Transfermarkt тој вреди 65 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.