Родри ја освои Златната топка, Реал ја бојкотираше церемонијата!

October 28, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Родри ја освои Златната топка, Реал ја бојкотираше церемонијата!

Стигна и официјална потврда: Родри е освојувачот на „Златната топка“. Родри имаше 10 гола и 14 асистенции претходната сезона и ги освои следните трофеи: Премиер лига, Суперкуп, ЕВРО 2024 година каде беше избран и за играч на турнирот. Неговиот најголем ривал за оваа награда Винисиус минатата сезона забележа 26 гола и 11 асистенции. Бразилецот со Реал Мадрид ја освои Ла Лига, Лигата на шампиони, Шпанскиот Суперкуп и беше избран за играч на сезоната во Лигата на Шампионите. Сега и официјално се потврди дека Шпанецот ја освојува наградата откако од порано се шпекулираше дека сепак Винисиус нема да биде добитникот на оваа наградата, а сега имаме и официјална потврда.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.