Евра: Гледањето на Арсенал е исто како да гледате Нетфликс!

October 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Евра: Гледањето на Арсенал е исто како да гледате Нетфликс!

Навивачите на Арсенал одамна сонуваат за освојување на Премиер лигата. Претходните две сезони беа близу до трофејот, но сепак не успеаа. Сезонава „топџиите“ се наоѓаат на третото место на табелата, со четири бода помалку од Ливерпул и пет бода зад Манчестер Сити. Според легендата на Манчестер Јунајтед Патрис Евра Арсенал се врти во круг и секоја сезона е иста. „Го почитувам Арсенал, но гледањето на Арсенал е како да гледате на Нетфликс. Секогаш ја чекате следната сезона. Верувајте ми, секоја сезона ќе биде таква. Затоа, не споредувајте го Манчестер Јунајтед со Арсенал. Се разбира, Јунајтед е катастрофа во моментов, но не го споредувајте со Арсенал“, рече Евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.