Втора лига: Брегалница повторно лидер, Детонит одигра реми со Македонија ЃП!

October 29, 2024 | Kristijan Trajchov | Македонија

Втора лига: Брегалница повторно лидер, Детонит одигра реми со Македонија ЃП!

Денеска беше одиграно 10. коло во Втората фудбалска лига на кое добивме нов лидер, а тоа е тимот на Брегалница. Македонија Ѓорче Петров се „сопна“ на гостувањето кај Детонит Плачковица во еден тесен натпревар и без многу шанси. Ова за тимот од Радовиш беше петти нерешен натпревар по ред каде последната победа дојде против Осогово пред околу еден месец. Киксот на Македонија Ѓорче Петров го искористи Брегалница која на домашен терен го прегази Борец со 4-0. Резултатите од 10. коло: Осогово – Охрид 0-2 Детонит – Македонија ЃП 0-0 Беласица – Скопје 0-2 Вардар Неготино – Новаци 3-1 Брегалница – Борец 4-0 Кожуф – Арсими 1-1 Вардарски – Башкими Каменица Саса – Победа 4-1

Standings provided by Sofascore

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.