October 30, 2024 | | Свет
Македонскиот голман Столе Димитриевски кој во моментов настапува за Валенсија зборуваше за трагедијата, односно за големите поплави кои ја погодија Валенсија каде веќе има над 70 жртви. За среќа не се најдов во епицентарот, живеам на периферијата, малку надвор од градот. На безбедно сме. Нашиот дел беше погоден од голема бура и ветер, дождот исто така создаваше проблеми. Но, не заврши трагичично како во внатрешноста на градот. Соиграчите ми кажуваат дека се е под вода, се срушил и цел мост. Калта носи автомобили, вакво нешто со години не се случило во Валенсија“, изјави Димтириевски за „Мердијан Спорт“. Освен натпреварот во Копа Дел Реј, најверојатно ќе биде одложен и дуелот со Реал Мадрид кој треба да се одигра викендов. „Дефинитивно нема да играме во Купот, додека натпреварот со Реал Мадрид е под знак прашалник. Ме побараа повеќе пријатели од Македонија и Мадрид, сите мислат на актуелната ситуација. Критично е! Изразуам сочувство на семејствата на настраданите и се надевам дека сите исчезнати ќе бидат пронајдени живи и здрави“, порача македонскиот чувар на мрежата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |