Одложен натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид

October 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Одложен натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид

Поради големите поплави кои настанаа во Валенсија, дуелот помеѓу Валенсија и Реал Мадрид во Ла Лига кој требаше да се одигра в сабота, денеска официјално е одложен. Сите натпревари во регионот на Валенсија исто така ќе бидат одложени, вклучително и дуелот помеѓу Виљареал и Рајо Ваљекано, објави попладнево Ла Лига. До 5. ноември, клубовите имаат рок да изберат нови датуми за одигрување на одложените натпревари. Во поплавите во јужна Шпанија досега починаа најмалку 90 луѓе.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.