Детали за односот помеѓу Мбапе и Ал Келаифи: Паднале и плачки

October 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Детали за односот помеѓу Мбапе и Ал Келаифи: Паднале и плачки

Во денешното издание, „L’Equipe“ откри неверојатни детали за односот помеѓу Килијан Мбапе и првиот човек на Пари Сен Жермен, Насер Ал Келаифи. Тие со години беа во добри односи, а сѐ се распадна откако Мбапе одби да потпише нов договор со ПСЖ и да премине во Реал Мадрид и тоа бесплатно. Иако Ал Келаифи мислеше дека Мбапе нема да им пушти тужба поради оние 55 милиони евра кои му ги должат поради неисплатени бонуси, сепак и тоа се случи. Келаифи тврдел дека Мбапе им ветил дека ќе им ги прости тие средства, но на крај не испадна така. Во нивниот однос имало сѐ, од радости, па до закани, уцени и гледање на суд. Годинава во февруари Килијан го извести газдата на ПСЖ дека нема да потпише нов договор и дека ќе премине во Шпанија. Тогаш Ал Келаифи му рекол дека ќе направи сѐ тој да не заврши во Реал. Во целата сага бил вклучен и братот на Мбапе, Итан кој добил закана Ал Келаифи дека никогаш нема да игра за првиот тим. На Луис Енрике му било наредено да не вика помалиот Мбапе на натпревари. Килијан го видел својот помлад брат како плаче во соблекувалната, по што дошло до жестока расправија во просториите на клубот. Постариот Мбапе во таа прилика му порача на Ал Келаифи дека никогаш нема да ги прости спорните 55 милиони евра.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.