Ван Нистелрој: Мотивиран сум за да останам во клубот

October 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Ван Нистелрој: Мотивиран сум за да останам во клубот

Руд ван Нистелрој е спремен да остане во клубот и откако Рубен Аморим ќе седне на клупата на Манчестер Јунајтед. Тој рече дека нема проблем со тоа да продолжи да биде асистент на тимот. „Мотивиран сум да останам во Манчестер јунајтед, ќе му се вратам на мојот договор за асистент кој го имам тука за оваа сезона и следната. Дојдов како асистент да му помогнам на клубот да оди напред и уште сум мотивиран да го правам тоа“, рече Ван Нистелрој. Сепак, последниот збор за тоа дали Холанѓанецот ќе остане или не треба да го има Аморим кој донесе тројца луѓе со него од Спортинг Лисабон.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.