Реал има план Б: Ако не дојде Трент, ќе тргнат по бекот на Тотенхем

November 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Реал има план Б: Ако не дојде Трент, ќе тргнат по бекот на Тотенхем

Реал Мадрид веќе одреден период преговара со десниот бек на Ливерпул Трент Александер-Арнолд чиј договор истекува на крајот од оваа сезона. Во медиумите се шират различни информации околу тоа дали Англичанецот е отворен за нов преговор или не, но дури и Трент да остане во Ливерпул, Реал има опција Б. Според информациите на шпански „AS“, Реал Мадрид го додаде десниот бек на Тотенхем, Педро Поро на листата на трансфер цели. Шпанецот би чинел околу 45-50 милиони евра и има договор со тимот од Премиер лигата до јуни 2028 година. Како што пренесе „SPORT“ пак, во 2017 година Реал наводно бил блиску до потписот на Поро, кога тој имал само 17 години. Сепак, тој ја отфрлил таа можност за да потпише за Жирона.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.