November 1, 2024 | | Свет
Последните случувања околу доделувањето на „Златната топка“ би можеле да го натераат Винисиус Жуниор да ја промени средината. Тој, како и цел Реал Мадрид изразија огромно незадоволство бидејќи сметаат дека крилниот напаѓач најмногу ја заслужува таа награда. Како што пренесува „Foot Mercato“, лидерите на Саудиска Арабија му понудиле плата на Винисиус досега невидена во фудбалот, но ваквиот трансфер би можел да се случи евентуално во 2026 година. Тој наводно ќе може да предлага и за тоа какви играчи тимот кој ќе го потпише во Саудиска Арабија треба да донесе. Бразилецот во моментов сака да се бори за трофеи во Реал Мадрид, како и за „Златната топка“ која му помина низ раце. Реал воедно ќе инсистира на нов договор на Бразилецот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |