Мбапе ги дриблаше играчите на Реал, Ридигер му „влезе“ крвнички со две нозе! (ВИДЕО)

November 1, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Мбапе ги дриблаше играчите на Реал, Ридигер му „влезе“ крвнички со две нозе! (ВИДЕО)

Освен што на теренот Антонио Ридигер е познат по својата агресивност и желба за груба игра, очигледно истото го прави и на тренинзите на Реал Мадрид. Викендов тимот од Мадрид нема да настапува бидејќи натпреварот со Валенсија е одложен поради огромните поплави кои настанаа во југот на Шпанија. Мбапе денеска си поигрувал со играчите на Реал на тренингот, но таквото нешто Ридигер не можеше да го толерира па малку фалеше да го „собере“ со две нозе. Сепак, Французинот беше доволно умешен па успе да излезе од ситуацијата неповреден.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.